Македонските мали и средни компании да подготват квалитетни проекти и заедно со европски конзорциуми да аплицираат за програмите кои ќе се нудат во следните седум години, од каде што ќе можат да се земат европски пари. Стопанската комора на Македонија навреме ќе ги информира за сите објавени повици од двете клучни програми: Косме", вредна 2,3 милијарди евра, чија цел е поттикнување на иновативноста, конкурентноста и одржливоста на малите и на средните претпријатија, како и развивање на претприемачката култура и Хоризонт 20 - 20" со проектирани вкупно 80 милијарди евра за поврзување на науката со индустријата, финансирање истражувања, технолошки развој, примена,...
Македонските мали и средни компании да подготват квалитетни проекти и заедно со европски конзорциуми да аплицираат за програмите кои ќе се нудат во следните седум години, од каде што ќе можат да се земат европски пари.
Стопанската комора на Македонија навреме ќе ги информира за сите објавени повици од двете клучни програми: Косме", вредна 2,3 милијарди евра, чија цел е поттикнување на иновативноста, конкурентноста и одржливоста на малите и на средните претпријатија, како и развивање на претприемачката култура и Хоризонт 20 - 20" со проектирани вкупно 80 милијарди евра за поврзување на науката со индустријата, финансирање истражувања, технолошки развој, примена,...
Како што објасни Јадранка Аризанковска од Стопанската комора при вчерашната презентација на проектите, предвидено е да има значително поедноставување на бирократските процедури, што на фирмите ќе им овозможи полесно да се приклучуваат на странските конзорциуми. Според неа, проектите на компаниите треба да покажат иновативност, додека проектите на институциите треба да содржат нови иновативни услуги за поддршка на МСП. За малите и за средните фирми лимитот на бројот на вработени е зголемен од 250 на 500, што овозможува на повиците да конкурираат и поголемите компании.
- Најмалку три милијарди евра ќе се алоцираат за малите и за средните фирми во рамките на овие програми, кои ќе бидат дополнително поддржани со финансиски инструменти како кредитни линии, гарантни фондови. Предизвикот за аплицирање, пред се, ќе се бара во конкретно научно истражување, подобрување на индустриската конкурентност, создавање подобри производи, примена на ИКТ, енергетика, нанотехнологии, создавање нови материјали, биотехнологии - објасни Аризанковска и додаде дека македонските мали и средни компании и институции за проектите ќе се борат со европските и затоа треба да располагаат со одреденото ниво на квалитет.
Повиците за ЕУ-програмите ќе се објавуваат континуирано по повеќе во една година. Притоа, постои можност за аплицирање на повеќе проекти.
Таа нагласи дека проектот Хоризонт 20 20" со 24,4 милијарди евра ќе поддржува врвна наука, а 29,7 милијарди ќе бидат насочени за општествени предизвици како што е интелигентната енергија, екоиновациите, одржливото земјоделство. Дел од овие европски пари во износ од 17 милијарди евра ќе бидат резервирани за индустриското лидерство, а 1,4 милијарди евра се предвидени за обезбедување свеж капитал.
Од комплетната финансиска конструкција на Косме", 1,4 милијарди евра се предвидени за обезбедување свеж капитал, додека останатите средства ќе бидат насочени за развивање мрежа на претпријатија, како и добивање навремени информации и интернационализација и поттикнување на претприемништвото. Предвидени се и 4,3 милијарди евра за проекти кои се дел од стручноста на Агенцијата за атомска енергија.
Аризанковска нагласи дека овие програми се практично продолжение на досегашните ФП7, којашто беше наменета за интелигентна енергија и екоиновации и ЦИП програмата за конкурентност и иновативност.